GetONE Caramel

Карамелот или го обожаваш или не. Ама, овој не е тоа што мислиш. GetONE Карамел е протеински бар со богат вкус што не е пресладок, а по првиот гриз ќе сфатиш дека ем ти е таман, ем дека сакаш уште.

GetONE Карамел протеинскиот бар е сериозно вкусен – кремаст, заводлив и избалансиран. Само што ќе го отвориш, ќе знаеш дека не претеруваме.


Состав: 15 грама протеин, без додаден шеќер, без палмина маст.

GetONE Choco Brownie

Бараш протеински бар со вкус на твојот омилен десерт? Тука е! Со вкус на вистинско чоко Брауни, толку богат и кремаст, што ќе заборавиш дека јадеш протеински бар.

И не, не е тоа што мислиш. GetONE Choco Brownie не е уште еден протеински бар чиј вкус се заборава по првото јадење.

Ем вкусен, ем за секој ден – GetONE.


Состав: 15 грама протеин, без додаден шеќер, без палмина маст.

GetONE Caramel

Има денови кога класичната комбинација со кикиритки е сѐ што ти треба. И сега сигурно си велиш „уште едно чоколатце со кикиритки“ но, не е тоа што мислиш.

Крцкави кикиритки, чоколаден прелив и 15 грама протеин – внимателно ги одбравме состојките за да создадеме ужинка што сериозно ќе уживаш да ја јадеш.

GetONE кикиритка протеинскиот бар е класика со причина – за кога и да ти треба ужинка што не прави компромис со вкусот.


Состав: 15 грама протеин, без додаден шеќер, без палмина маст.

Качанички пат 254
Скопје 1000
Р. Северна Македонија

Телефон: +389 2 265 6770
E-mail: info@kola.com.mk