Конзумирањето здрава храна е клуч за добро здравје. Здравјето е богатство. Многу луѓе заборавиле на овој факт. Денешниот динамичен живот ги тера луѓето да посегнуваат кон нездрави намирници кои негативно влијаат на нивниот живот. Токму затоа, јадењето здрава храна има безброј бенефиции кои се одржливи на долг рок. Јадењето здрава храна подразбира внесување на избалансирано количество на протеини, масти и јаглехидрати. Избалансираниот начин на исхрана овозможува да се подобри концентрацијата, да се зголеми физичката сила и издржливост.  

Овошјето, целите зрна, житариците, мешунките се дел од хранливите материи кои му се потребни на нашето тело и го сочинуваат пакетот добра и здрава исхрана. Брзата храна, пиците, тестенините, помфритот содржат штетни масти и се богати со калории, но тоа не значи дека треба целосно да се исклучат од исхраната. Балансираниот начин на исхрана подразбира и повремено внесување на истите, но умерено. Клучот е во умереност. Алкохолот и безалкохолните газирани пијалоци исто така треба да се избегнуваат.  

 

Постојат безброј придобивки од конзумирањето здрава храна, меѓу кои најзначајни се: 
  • Здраво срце 

Исхраната  богата со антиоксиданси и влакна позитивно влијае на работата на срцето. За здраво срце потребно е да се избегнува внесување големи количества натриум и холестерол. Според научните истражување јадењето грејпфрут три до четири пати во текот на неделата, значително ја подобрува работата на срцето. Конзумирањето на ужинки како бадеми, ф’стаци, сусам и семки од сончоглед  озвоможува редуцирање на лошиот (ЛДЛ) холестерол.  

  • Здрави коски и заби 

 Храната богата со калциум позитивно влијае на здравјето на коските и забите. Јадењето млечни производи ги штити забите од појава на кариес. Јогуртот е богат со калциум и фосфор и неговото конзумирање спречува разградување на забната глеѓ, тој исто така  ја намалува и појавата на лоши бактерии во устата. Зелениот зеленчук исто така игра огромно улога во одржувањето на здрави коски. Поради високото количество на калциум, зелениот зеленчук е одличен придружник во спречување на остеопорозата.  

  • Помалку стрес 

Секојдневно сме изложени на стрес и стресни ситуации. Од големо значење е балансираниот начин на живот да има огромно влијание и врз нашето психичко здравје. Само кога постои баланс помеѓу духот и телото, само тогаш може да зборуваме за здрав начин на живот. Витамин Ц и магнезиумот кој се наоѓа во оревите и спанаќот го намалуваат лачењето на кортизолот- хормонот кој е одговорен за стресни ситуации. Стресот го слабее имунолошкиот систем, затоа е препорачливо колку што е можно, истиот да се избегнува. 

  • Подобро расположение 

Внесувањето храна богата со сложени јаглехидрати го зголемува лачењето на хормонот серотонин кој помага во подобрување на расположението. Со контролираното ниво на шеќер во крвта, расположението е подобро, а состојбата на организамот – постабилна.  

  • Зголемена енергија 

Балансираниот начин на внесување протеини, масти и јаглехидрати во исхраната овозможува организамот да ја искористи енергијата на вистински начин. Тоа значи дека колку е поголема нашата енергија, толку повеќе и ние се чувствуваме подготвени за извршување на активностите кои следуваат во текот на денот.